Трансплантација на срце од генетски модифицирана свиња во човек. Фото: Медицински факултет на Универзитетот во Мериленд, САД medschool.umaryland.edu
Вести Свет Ударни вести

Извршена е првата трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња кај човек

Сподели:

 

Дејвид Бенет е името на американскиот државјанин кој стана првиот човек во светот кому му беше извршена трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња, пренесува Би-би-си.

Седумчасовната операција која се изврши во Балтимор од страна на тим доктори од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд беше единствената и последна шанса за да се спаси животот на Бенет кому претходно му било соопштено дека неговата состојба не дозволува трансплантација на човечко срце.

„Изборот беше или оваа операција или да умрам. Знам дека е шанса во темнината, но тоа е мојот последен избор“, изјавил Дејвид еден ден пред операцијата.

Свињата чие срце е искористено за трансплантација била генетски модифицирана со цел да се отстранат некои гени за кои тимот експерти сметале дека ќе доведе телото на Дејвид да го одбие органот.

 

Фото: Медицински факултет на Универзитетот во Мериленд (medschool.umaryland.edu)

„За медицинскиот тим што ја изврши операцијата ова претставува кулминација на години истражување и доколку Бенет остане жив и неговата ситуација се подобри работите во светот може да се променат“, пишува Би-би-си.

Дејвид за сега се надева дека ќе се опорави за брзо и ќе продолжи со својот живот. Во понеделникот беше соопштено дека тој диши самиот без потреба од апарати и помагала за дишење, но останува под силен медицински надзор.

„Дали тој ќе живее и колку долго сè уште не се знае, но ова е подобра опција од терапијата што би ја примал доколку би одлучил да не прави операција“, изјавил за Би-би-си хирургот Бартли Грифит кој беше дел од тимот лекари што ја извршија операцијата.

мета.мк

Сподели: