Јанкуловска: Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа да бегам

Сподели

 

Гордана Јанкулоска на својот ФБ профил напиша дека не и паѓа на памет да бега. Постот на Јанкулоска следи откако дел медиуми шпекулираа за можно бегство на поранешната министерка, откако вчера Врховниот суд донесе одлука таа да оди во затвор.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша Јанкулоска на Фејсбук.