Јапонија се подготвува за прилив на бегалци во случај на севернокорејска криза

Сподели

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, изјави дека неговата влада изработила план во случај кризата на Корејскиот Полуостров да резултира со прилив на бегалци во Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Абе на парламентарната сесија, денес, изјави дека владата формулира мерки како заштита на странците, процедури на слетување, изградба на засолништа и регистрациски процес на барателите на азил.

Овие мерки на јапонската влада се одговор на прашањата кои повремено се поставуваа во минатото, а сега изгледаат пореални од кога било имајќи го предвид забрзаното развивање на балистички ракети од Северна Кореја и порастот на тензиите со САД.

Абе изјави дека неговата влада изработила и план за евакуација на Јапонците од Јужна Кореја во случај на криза.