Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред за празниците

Сподели

 

За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од вторник (9.01.2024 год), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

РАБОТНО ВРЕМЕ на БИЛЕТАРНИЦИ   

На 7 јануари (недела) за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од вторник (9.01.2024 год) сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.

   

РАБОТНО ВРЕМЕ на ЖИЧАРНИЦА  

Жичарницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.