Вести Став Ударни вести

Јазикот служи да се разбереме меѓу себе-политичарите да не прават поделби меѓу граѓаните

Сподели:

Зекири, сметате ли дека министрите од ДУИ треба да говорат само на албански јазик, последниот случај се случи вчера во Министерството за образование каде реагираше и Градоначалникот?

Секој има право да зборува на својот сопствен јазик, но мислам дека е коректно кога ќе бидеш прашан од колеги новинари Македонци, да се одговара на македонски јазик. Кога ќе биде прашан од колегите Албанци новинари, секако ќе одговараат на албански јазик. Мислам дека помина времето кога на вакви теми некој ќе се удира во гради и ќе изиграва патриот и мисли дека може да добива политички поени на таа тема. Јазикот служи да се разбереме меѓу себе, не служи за да има поделби повеќе во општеството и меѓу различните етнички припадности.

Ист случај имаше и во Собранието, дали сега Собранието ќе обезбеди, еве сега вие сте пратеник, превод за оние пратеници коишто ќе сакаат да говорат на албански јазик?

Секако, во Собранието постои и се применува двојазичноста, секој пратеник има право да зборува на својот мајчин јазик, односно на албански и на македонски јазик и има соодветен превод за тоа на пленарните седници, секако тоа е работа на службите коишто ќе мораат да направат не напори туку ќе мораат да го средат и тој дел за да има соодветен превод за сите што е потребно.

https://youtu.be/CR7qkO-gOCw

Сподели: