Вести Македонија Ударни вести

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се кадри на Груевски, нивната матрица е режимска

Сподели:

 

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е управувана од Будимпешта и се уште е заглавена во режимската, груевстичка матрица.

Тимот на Цветан Трипуновски против кого има кривична пријава за злоупотреба на 170.000 едвра,  е олицетворение за погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството кога цели 11 години кога земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на сметка на макотрпниот труд на земјоделците.

Наќе Чулев пак, којшто сега е во МВР, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“.  Оваа хипотека на Чулев ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР но СДСМ нема да дозволи ништо да го загрози изборниот процес ниту сигурноста на граѓаните.

Тимот на Рашела Мизрахи е составен од лица кои се познати во јавноста како дел од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и биле дел од креирање на погубниот проект Скопје 2014, соработници на Диме Спасов и одговорни за омаловажувањето на сиромашните, стечајците и пензионерите.

Дури и самата Мизрахи ги понижи жените на првиот ден од нејзиното назначување, а потоа покажа дека воопшто не знае како функционира работата на Министерството за труд и социјална политика.

Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска со години шири лажни вести на прес конференции од белиот дворец, а учествуваше и на партиските протести пред судот кога бранеше криминалци од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април. Режим никогаш повеќе! – се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели: