Македонија ќе се распадне ако не влезе во ЕУ – Ерол РИЗАОВ

Сподели

 

 

  Ерол Ризаов

Единствен спас Македонија да не се распадне е членството во Европската унија. Оваа одамна позната и загрижувачка опомена е изречена од повеќе научни, интелектуални и политички авторитети и државници, но е и трагично докажана со крвавиот распад на Југославија кој предизвика најголема катастрофа на европскиот континент по Втората светска војна. Ова го повторувам редовно и упорно во сите  деликатни ситуации од прогласувањето на независноста на Македонија. Деновиве повторно делбите на Македонија ќе бидат актуелни не само како дел од предизборните кампањи, туку како реална опасност од изборните резултати.

 

***

Провиден трик на Мицотакис и Мицкоски  

Проблематизирањето на договорите со Грција и со Бугарија со голема изгледност можат да нѐ одведат кон исчезнување, бидејќи тоа се ветува во подземната кампања, оркестрирана на социјалните мрежи со патриотски и милитантен вознес за враќање на изгубеното уставно име на државата, за наводно изгубениот идентитет и јазик. Застрашувачки е жесток нападот по сите сетила на неопределените гласачи да се казни политиката за евроатлантските интеграции и иднината на поколенијата. Тажно е сознанието, не толку од овие партиски валкани памфлети, туку од фактот колкав е бројот на изманипулираните приврзаници да се поништат историските договори бидејќи со тоа ѓоа се спасуваат нацијата и јазикот, а во суштина се упропастува Македонија до целосен распад.

Непоходните компромиси повторно се креваат на ниво на предавство, криејќи се зад лажната парола – демек и ние сме за ЕУ и за НАТО, ама не под овие услови. Ѓаволи се за ЕУ и за НАТО! Поповолни услови нема, може да има само полоши, или никакви. Ако тие лаги на партиските пропагандисти ја преминат границата на издржливост и на толеранција на Брисел, кој и онака има сериозни проблеми со притисоците за спречување на Западен Балкан да биде дел од ЕУ, дури тогаш ќе го обереме бостанот.

Колумната на Ерол Ризаов, објавена на Дојче веле на македонски, )во целост прочитајте ја тука.