Алтернатива Настани

КАЈАК СПУСТ ВРУТОК

Сподели:

Kajak_Zmuklica_6

По повод 113-годишнината од Илинденското востание кајакарите Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Виктор Котев и Виктор Миланов од кајак кану клубовите Гемиџии 903-Велес и Илинден 90-Скопје ќе се спуштат со кајаци по течението на реката Вардар од Вруток до Гевгелија.

Кајак спустот ќе почне денеска од Вруток, а ќе заврши на 2 август во Гевгелија и ќе биде поделен во четири етапи со три ноќевања во градовите низ кои поминува Вардар.

Се планира во првата етапа да се весла до Скопје каде што ќе биде и првата пауза, втората да биде од Скопје до Велес, третата од Велес до Демир Капија, а четвртата од Демир Капија до Гевгелија каде кајакарите треба да стигнат во попладневните часови.

Од Кајакарската федерација на Македонија се надеваат дека овој настан ќе прерасне во традиција.

 

Сподели: