Ликовна колонија „Дебрца – 2016“

Сподели

kolonija-Debrca

Вечерва, од 20 часот, во селото Белчишта, седиштето на општина Дебрца, свечено ќе биде отворена ликовната колонија „Дебрца – 2016“.

Со 32 годишна традиција е една од најстарите во Република Македонија.

Ликовно – уметничката колонија „Дебрца“ своите почетоци ги бележи од 1985 година и со текот на времето прераснува во интернационална.

На колонијата создавале еминентни уметници од целиот свет, кои зад себе оставиле неколку стотици уметнички творби кои денес се сопственост на колонијата, со една од најбогатите збирки во земјата.