„Како Хокус го пронајде Покус“- Магионичарско-театарска претстава за деца

Сподели

 

Магионичарско-театарска претстава за деца

Оваа приказна всушност е книга напишана од Георги Гавровски и ни раскажува за двајца палави волшебници, кои во волшебната Стриборова шума се натпреваруваат кој е подобриот.
Во претставата се појавува и Каја, самовилата што ја раскажува приказната.
Преку многу илузии и хумор децата ќе имаат можност да се едуцираат за многу нешта поврзани со културата, науката, историјата итн.
Претставата е склоп на едукација, интеракција, илузии и многу хумор за сите возрасти од 5-15 години.
Главните актери се Георги Гавровски и Мартин Јорданоски.
Идејата за приказната на претставата како и сценариото се на Георги Гавровски.
Режијата и продукцијата е на Георги Гавровски со асистенција на Мартин Јорданоски.
Претставите се играат:
14 декември, сабота – 11:00 ; 13:00 – распродадено ; 19:00 
15 декември, недела – 11:00 ; 13:00 ; 19:00