Вести Македонија Текстови

Калајџиев казнет со 50 евра и општо-корисна работа

Сподели:

Претседателот на Хелсиншкиот комитет и професор на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев е казнет со 50 евра парична казна и општо корисна работа. Тој утрово беше повикан на информативен разговор во полиција поради учество во протестите на „Шарената револуција“.

000

Против Калајџиев, како што пренесува „Телма“ е поднесена прекршочна пријава за нарушување на одредбите од законот за јавна чистота, заради фрлање на боја.

Поканата за информативниот разговор на професорот му ја предале полицајци кои со службено возило го дочекале пред неговиот дом.

– Ова е еден вид автогол на тоталитарната власт. На разговор се повикуваат лица кои се залагаат за правда и правна држава, додека најголемите криминалци се на слобода и под заштита на полицијата. Како причина за поканата за разговор, буквално стои „учество во протести“. Учеството во протест не е уставно забранета категорија. Претпоставувам дека ќе ме товарат за фрлање боја, а мојот одговор ќе биде дека тоа е нужна одбрана на правната држава, бидејќи на граѓаните не им останува друго средство. Таа „штета“ од бојата е симболична и многу помала од државниот удар што и е нанесен на Македонија – изјави Калајџиев за „Дојче Веле“ пред да отиде во полициска станица.

Сподели: