Кам Маркет донира храна за кучињата во „Лајка“ во вредност од 200.000 денари

Сподели:

ЈП „Лајка“ со гордост објавува дека доби значајна донација од Кам Маркет – храна за кучињата во вредност од над 200.000 денари. Оваа донација претставува огромна поддршка во секојдневната грижа за повеќе од 1000 животни кои поминуваат низ прифатилиштето секоја година.

Исклучително сме благодарни на Кам Маркет за нивната солидарност и чувствителност кон напуштените животни. Таквите партнери се од клучно значење за нашата мисија – секое куче да добие шанса за подобар живот.

Оваа донација е уште еден пример како општествено одговорните компании играат важна улога во подобрување на благосостојбата на животните и во поддршка на заедницата.

Сподели: