Отворена нова мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“

Сподели:

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје беше отворена новата мултимедијална читалница, а се одржа и промоцијата на фототипните изданија од едицијата „НУБ за македонскиот јазик“.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето обраќање пред присутните истакна дека овој настан претставува значајно поглавје за библиотеката.

„Отворањето на новата мултимедијалната читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“ и промоцијата на изданијата на фототипната едиција „НУБ за македонскиот јазик“ е потсетник дека иднината може да се гради само врз здрави темели. Овие изданија се живи сведоци на развојот на нашиот јазик, почит кон неговите корени и обврска да го чуваме неговото достоинство“, рече Љутков.

Тој додаде дека отворањето на читалницата е чекор кон една современа библиотека која дише со времето, која се отвора кон новите генерации читатели, истражувачи, творци. Простор што им нуди на младите алатки за истражување, а на возрасните, спокојно место за дружба со книгата, место за мир и размисла.

Осврнувајќи се на фототипните изданија, министерот додаде дека тие имаат особено значење во зачувувањето на јазичкото богатство:

„Во време кога зборот често се губи во брзината на секојдневието, овие дела нè повикуваат да се вратиме кон суштината: јазикот е дом на нашата колективна меморија.

„Овие изданија се живи сведоци на развојот на нашиот јазик, почит кон неговите корени и обврска да го чуваме неговото достоинство. Во време кога зборот често се губи во брзината на секојдневието, овие дела нè повикуваат да се вратиме кон суштината: јазикот е дом на нашата колективна меморија“, рече Љутков.

Сподели: