Вечерва Камерен концерт – пијано рецитал „Музички епилог низ вековите“ на Тоше Поп-Лазаров, во Салон 19’19 (Културно информативен центар), со почеток од 20.30 часот.
Суптилно обликувано звучно патување низ емоциите и стиловите на романтизмот, во дијалог со современиот македонски музички израз.
Преку делата на Шуберт, Шопен и Штраус, надополнети со „Пасторална свита“ од Стојан Стојков, рециталот отвора простор за интимно доживување на музиката како универзален јазик што ги поврзува времињата, чувствата и културите.
Билетите се во продажба на https://www.karti.com.mk/eTickets/TicketList.aspx


