Во Старата скопска чаршија, вчера на 26 јули, беше откриена спомен-плоча во чест на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, во присуство на неговата внука и претставници од Амбасадата, како признание за неговиот значаен придонес во зачувувањето на едно од највредните културно-историски обележја на Скопје.
” По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога од урнатините се создавала новата визија за Скопје, Циборовски бил меѓу меѓународните експерти кои цврсто се залагале Старата скопска чаршија да остане нераскинлив дел од градот. Во време кога постоеле идеи историското јадро да биде заменето со целосно модерни градби, тој ја бранел визијата дека Скопје мора да се развива, но притоа да ги зачува својата историја, традиција и препознатливост.
Денешната спомен-плоча е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија”, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.


