Ќе биде хаос на АТП листата – Ова се трите сценарија кој ќе биде прв тенисер на светот!

Сподели

Тенискиот гренслем УС опен донесе големи компликации во борбата за првото место на АТП листата!

фото: PROFIMEDIA

Бранителот на титулата и се уште актуелен рекет број еден Данил Медведев беше поразен во осминафиналето од Ник Киргиос и сигурно нема да биде најдобар во светот следниот понеделник.

Но, шокантниот пораз на Рафаел Надал од Френсис Тиафо направи уште покомплицирано да биде, па сега големо прашање е денеска кој од тројцата тенисери ќе може да се нарече најдобар тенисер на 12 септември!

Сега се на ред големи калкулации, се со цел да се дознае кој меѓу Надал, Алкараз и Руд ќе биде светски рекет број еден. Еден од тројцата ќе го наследи Медведев на таа позиција, а најдобрата можност за тоа ја имаше Надал.

Сепак, сега легендарниот Шпанец ќе зависи и од резултатите што ќе ги дадат сонародникот Алкараз и норвежанецот Руд.

Еве што му е потребно на секој од тројцата тенисери за да дојде до првото место на АТП листата.

Надал станува број еден во светот ако:

Ниту Руд ниту Алкараз не стигнат до финалето на УС Опен.

Алкараз станува прв во светот ако:

Ја освои титулата или изгуби во финалето од некој што не е Руд.

Руд станува прв во светот ако:

Ја освои титулата или изгуби во финалето од некој што не е Алкараз.

Во моментов, Надал се предвидува да го заземе првото место со 5.810 бодови, но и Алкараз и Руд со освојување на трофејот би можеле да „фрлат“ и до нешто повеќе од 6.500 поени.

Звучи смешно кога ќе се потсетиме дека своевремено Новак Џоковиќ беше прв на АТП листата со рекордни 16.000 поени.

Инаку, можно е и Алкараз и Руд следниот понеделник да стигнат до првото место без воопшто да освојат грен слем титула.

The post Ќе биде хаос на АТП листата – Ова се трите сценарија кој ќе биде прв тенисер на светот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico