“Ohrid Wine Fest” – нова винска приказна за Охрид и посетителите

Сподели

 

Како се ближи крајот на летото, со почетокот на есента една од најзначајните традиции на Македонија, а воедно и на Охрид е виното. Бербата е веќе започната, а со самото тоа и славењето на убавото македонско вино.

Од 8-ми до 10-ти септември на ул. „Кеј Македонија“Охридско шеталиште во Охрид, за првпат се случува „Ohrid Wine Fest“. Фестивал на виното кој ќе трае три дена и ќе понуди дегустација и продажба на квалитетно вино, закусна на храна, културно-забавни содржини и музичка програма.

 

 

Целта на фестивалот е да се претстави долгогодишното македонско производство на вино како наше најзначајно културно наследство и традиција.

Во културно-музичкиот дел на „Ohrid Wine Fest“ ќе настапат: Суперхикс, Фолтин, Ареа, Наум Петрески, Ѓоко Танески, Бекдор Бенд, Александар Јосифовски, Нина Јанева, Камелеон и диџеи, кои се задолжени за дополнително збогатување на убавата винска приказна во Охрид.

Посетителите ќе можат да дегустираат вина од повеќе македонски винарии, но исто така ќе имаат прилика да пробаат и вина од други земји.

Ова е само почеток за „Ohrid Wine Fest’“, приказна која има визија да прерасне во традиционална годишна манифестиција која ќе ја промовира македонската традиција, македонските вина и деликатеси.

Главни покровители на фестивалот се Општина Охрид и германската компанија Костал.