Ќе се прогласат „Најдобрите од спортот во Општина Охрид“ за 2023 година

Сподели

 

Во организација на Општина Охрид, на утре, на 7 февруари ќе се одржи манифестацијата „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2023 година.

Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.

Манифестацијата ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот.