Кекеновски: ДКСК пред етички колапс

Сподели:

Доколку обвинетата претседателката на ДКСК не си поднесе оставка тоа значи дека во иднина ДКСК ќе стане симбол на иронија – антикорупциска институција компромитирана од сопствениот раководен кадар, обвинет за сериозни злоупотреби, реагира проф. Јове Кекеновски.

“Ова не е само формално противречие, туку длабока институционална криза. Антикорупциско тело мора да биде морална и етичка вертикала во општеството. Кога претседателот е под сомнение за извршении кривични дела поврзани со злоупотреба на службената позиција како и барање друго лице да го полага тестот за безбедносен сертификат и не прифаќа одговорност и не поднесува оставка тоа знали дека институцијата се претвора во карикатура на својата мисија.

Во овој контекст:

• Ќе се изгуби довербата на јавноста, која и онака е ниска во институциите.

• Ќе се обесмисли секоја идна иницијатива или истрага што доаѓа од ДКСК.

• Ќе се создаде преседан – дека и антикорупциските органи можат да функционираат и со компромитиран углед, што е неприфатливо.

Особено загрижувачки е што и покрај судската мерка која ѝ забранува пристап до документи и фактичка отсутност од работното место, дотичната продолжува да прима плата. Ова го поткопува и принципот на отчетност, и довербата во институциите.

Кога платата станува награда за неработење, а молкот штит од одговорност, се руши самиот темел на јавниот морал”, додава Кекеновски.

Сподели: