Алтернатива Настани

Кинотека на Македонија: Skopje Cinema City – The Autumn Edition

Сподели:

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City, во соработка со Кинотека на Македонија, Агенцијата за филм и здружението Спона, на 05 и 06 октомври го организира својот четврт настан во 2018 г или „Есенското издание“ (The Autumn Edition).

Есенското издание е последното од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме Четири годишни времиња.

5 октомври, 19.00 ЕКВ -Како да беше некогаш
-Разговор со режисерот Душан Весиќ, и
промоција на неговата авторска книга за Маргита
Стефановиќ „Како таа да беше некогаш“

21.30 Звуци и тишина: Патувањата со Манфред Ајхер
Sounds and Silence: Travels with Manfred Eicher

6 октомври, 20.00 Направи или умри: Приказната за Ланг Ланг
Do or Die> The Story of Lang Lang

22.00 Стив Рајш: Соочување со фазата
Steve Reich: Phase to Face

Картите ќе може да ги купите онлајн преку MkTickets или на билетарницата во Кинотека на Македонија.

Сподели: