Кинотека на Македонија: Skopje Cinema City Zagrevanje 2019

Сподели

Кинотека на Македонија Skopje cinema sity, 8.март

“Скопје Синема Сити Загревање” е настан каде фестивалот за музички документарни филмови репризира еден избор на филмови од претходната година. Во 2018, во фокусот на фестивалот беше реномираниот јапонски филмски композитор Руичи Сакамото и оваа година ќе го репризираме филмот „Кода“ заедно со уште 3 други филмови од минатата година: „Студиото Ханса крај ѕидот,“ „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ и „Буена Виста Соушал Клуб Адиос“.

Распоредот е следниот:

08.03

20.00 – Руичи Сакамото Кода
22.00 – Студиото Ханса крај ѕидот: 1976 – 90

09.03

20.00 – „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“
22.00 – „Буена Виста Соушал Клуб Адиос“.

Картите ќе можат да се набават само на билетарата на Кинотека на Македонија, а резервациите ќе можат да се направат на тел: 02 306 5968 (помеѓу 16 и 19 часот).