КИЦ – Скопје: Групна изложба „Современа македонска илустрација“

Сподели

 

Во изложбениот салон „Империјал I“ при ЈУ Културно-информативен центар во Скопје вечер (7 септмври), во 20 часот, ќе биде отворена групната изложба „Современа македонска илустрација“.

Учесници во изложбата се уметниците: Христина Мазнеска, Анастасија Зафировска и Петар Шулевски. Изложбата ќе биде достапна за јавноста до 17 септември.

− Изложбата „Современа македонска илустрација“ претставува можност за јавноста и љубителите на уметноста да се запознаат со  творештвото на група современи уметници кои неуморно творат во областа на дигиталната графика: Христина Мазнеска, Анастасија Зафироска и Петар Шулевски. Нивното творештво изобилува со експресивна креативност и моќен уметнички јазик − вели за изложбата м-р Викторија Димеска, историчар на уметноста и реставратор-конзерватор.

Таа додава дека младите уметници, со организирање и реализирање на групната изложба, значително придонесуваат во развојот на современата македонска илустрација, создаваат континуитет во илустраторската традиција црпејќи инспирација од домашните, но и од светски реномирани автори, и формираат врска со светските трендови од областа на компјутерската графика. Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура.