Клековски: БСЖ вакцината кај нас без документирани несакани ефекти

Сподели:

Министерот за здравство, Сашо Клековски, во врска со сериите на БСЖ вакцинатаја информира јавноста дека станува збор за серии бр. 6831 од 22.12.2022 година и серија број 807-1 од 11.12.2023 година. И двете серии се целосно искористени до летото оваа година.

-Во нашата држава нема документирани несакани ефекти поврзани со примена на овие серии. Министерството, заедно со надлежните институции, спроведува дополнителни анализи, а јавноста ќе биде навремено информирана за нивните резултати. Министерството за здравство ќе обезбеди непрекинато продолжување на вакцинацијата со БЦЖ вакцина, во соработка со УНИЦЕФ. Ги повикуваме родителите да продолжат со редовна вакцинација на децата според Календарот за имунизација. Вакцинацијата останува најсигурната заштита за здравјето на нашите деца, потенцираше министерот Клековски.

Сподели: