Министерска конференција за Коридорот 8 во Софија

Сподели:

Денеска во Софија се одржува Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

Програмата се состои од три дискусиони панели, кои ќе се фокусираат на стратешката важност на Коридор VIII за регионалната стабилност и евроатлантската интеграција, развојот на транспортната и енергетската поврзаност, зајакнувањето на енергетската безбедност и потенцијалот за економски раст. Посебен акцент ќе се стави и на клучната улога на Коридор VIII за безбедноста и отпорноста на регионот, во контекст на воената мобилност и ефикасниот одговор на кризи.

Во рамките на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на Коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж Коридорот и на поширокиот европски простор.

Во рамките на форумот се очекува средба меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија, министерката Велислава Петрова и Тимчо Муцунски.

“Утре ќе има билатерална средба, ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull-aside, дали ќе биде билатерална на маргините на Самитот за Коридорот 8. Сепак е ова мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира” – изјави вчера Мицкоски и средбата помеѓу министрите ја најави како „коњопој“ средба.

Сподели: