Меџити-Клисаровска: Ќе се расчисти и казни секој кој има уддел во ова злосторство

Сподели

 

Министерот за здравство Фатмир Меџити и директорката на клиникатата, д-р Виолета Клисаровска, одржаа прес-конференција, на која темата беше скандалот на Онкологија.

“Длабоко ме погоди и разгневи случајот за Онкологија, за кои МВР потегна истрага. Клиниката треба да служи како надеж за нашите болни од рак. Го разбирам револтот кај нашите граѓани, особено кај оние директно погодени од заболувањата. Оттаму ќе направам се во моја моќ да . Министерството ќе соработува со органите на правосудствоот, транспартеноста е дел од нашата работа и така ќе биде и за овој случај. Никој нема да биде заштитен, будно ќе следиме, и ако некој се обиде да манипулира, остро ќе реагираме. Дополнително ги охрабруваме сите групи или поединци кои се лекувале да не контактираат, сите заедно да придонесеме за расветлување на овој случај,” – изјави министерот Меџити

“Јавноста треба да знае дека КАТО системот не е фрлен, туку во истата просторија како што бил поставен. Веќе неколку месеци се прават анализи дали тој да се врати во функција. Со новиот ребаланс на буџетот ќе биде вклучен систем кој долгорочно ќе ги спречи сите измами” – кажа министерот

Тој дополни дека со директорите на Онкологија направиле состанок, ќе се прави ревизија на пациентите, и истакна дека веќе неколку месеци наназад се прави стручен колегиум кој одлучува кој пациент каква терапија ќе добива.

“Одговорно им тврдам на пациентите, откако сум јас директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија, од ноември 2022 година, секој пациент ја добива препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го постави, без никаква манипулација со лековите. Во врска со постапката која е во тек и за која сите сте запознаени, ве уверувам дека како организациски тим ние сме целосно достапни на надлежните и истражните органи со цел за брзо откривање на виновниците, изјави на денешната прес-конфренција д-р Виолета Клисаровска.

“Стручниот колегиум на Клиниката најостро осудува секое несовесно и нестручно работење со молба и апел кон сите надлежните и медиумите да не се генерализира проблемот. За нашата клиника ова е од непроценлива, огромна важност. За да се офтрли т.н. колективна вина која сега се наведнува над целата наша институција, односно над целиот медицински тим што ја руши довербата пациент – лекар што директно се одразува врз здравјето на граѓаните,” рече д-р Клисаровска.

„Оваа клиника треба да биде светилник на болните од рак и никој од здравствениот систем не смее да се обиде да ги заштити престапниците. Од името на јавниот стручен колегиум и јас како дел од него, ги осудуваме сите несовесни и нестручни работења, со молба да не се генерализира проблемот врз целиот тим“, изјави министерот, додавајќи дека ќе направи сѐ да се расчисти случајот на Клиниката за онкологија и да се утврди одговорноста.