Клиника за онкологија: Апаратите се во функција и пациентите се безбедни

Сподели:

ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија извести дека во просторијата наменета за пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод беше евидентирано протекување на вода.

“Веднаш по констатирањето на состојбата, како превентивна мерка, пациентите беа безбедно и навремено преместени во друга соодветна просторија во рамки на Клиниката, во согласност со утврдените процедури и протоколи.

Во координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност, беа спроведени сите неопходни проверки, контроли и мерења, при што е потврдено дека нема присуство на радиоактивна контаминација.

Ја информираме јавноста дека безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал во ниту еден момент не беше загрозена, а состојбата е целосно ставена под контрола.

Надлежните служби и понатаму постапуваат согласно важечките безбедносни протоколи, со цел обезбедување непречено функционирање на Клиниката и одржување на највисоките стандарди за заштита и безбедност”, информираа од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија.

Сподели: