Постигнат е значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата.
“За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, воспоставуваме систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. Во моментов се оперативни поголем број камери, а во тек е проширување на мрежата на околу 50 камери, со што значително ќе се зголеми покриеноста на критичните шумски подрачја низ државата.
Системот овозможува 24/7 мониторинг од Оперативниот центар на ЦУК, навремено откривање на чад и почетните знаци на пожар, како и брзо известување на надлежните институции за побрза и поефикасна интервенција.
Со оваа технологија се обезбедува: Рана детекција на чад и пожар уште во почетната фаза, пред негово проширување, Континуиран 24/7 мониторинг без прекин, Интелигентни камери со ротација од 360 степени, кои постојано го надгледуваат просторот и автоматски се насочуваат и запираат на точната локација веднаш штом детектираат чад или пламен, Автоматско известување преку е-пошта и порака до дежурниот Оперативен центар на ЦУК веднаш по детектирањето на чад или пожар.
Во наредниот период ќе биде воспоставен и звучен аларм во дежурниот Оперативен центар на ЦУК, кој ќе овозможи уште побрзо известување и реакција на надлежните служби.
Благодарение на поставеноста на камерите на телекомуникациски столбови, се обезбедува голема територијална покриеност и значително намалување на трошоците за поставување на системот преку искористување на постојната инфраструктура, Подобра координација на институциите при интервенции преку визуелен увид во реално време во локацијата, правецот на ширење и интензитетот на пожарот, Намалување на штетите и поголема заштита на човечките животи, шумите, имотот и природните богатства, Интеграција со системот 112, ГИС-платформите и метеоролошките податоци за побрзо и попрецизно донесување оперативни одлуки.
Пилот-проектот ќе послужи како основа за воспоставување национален систем за рана детекција на шумски пожари, кој во иднина ќе придонесе за уште поголема безбедност, поефикасно управување со природните ризици и подобра заштита на населението и природните ресурси”, информираат од ЦУК.


