Алтернатива Настани Ударни вести

Кој го чистеше ѓубрето во еко-акцијата „Исчисти, Твитни“?

Сподели:

Денеска се одржа волонтерска еко-акција за чистење на кејот покрај Вардар, под мотото „Исчисти, Твитни“, со која беа опфатени патеките и бреговите од двете страни на реката во централното градско подрачје на Скопје.

Во акцијата учествуваа и британскиот амабасадор Чарлс Гарет, амбасадорот на САД Џес Бејли, како и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп, со нивните тимови. Амбсадорите самоиницијативно се пријавиле да учествуваат. Акцијата, која се промовираше и преку твитер, ја организираа Пивара Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и компанијата Пакомак

Ова е трета по ред волонтерска еко-акција од ваков карактер. Во претходните две акции беа исчистени брегот и водите на езерото Матка, како и кејот на реката Вардар.

Сподели: