Комисијата за заразни болести со предлог за намалување на рестриктивните мерки

Сподели:

 

Комисијата за заразни болести утрово донесе одлука, до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки, соопштуваат од Министерството за здравство.

Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи.

Комисијата до ГККШ, ќе ги предложи следните олабавувања:

-Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

-Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

-Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

-Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

-Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

-Полицискиот час останува на сила. Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани, ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелираме до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките.

Сподели: