Конференција за Денот на укажувачите: “Младите го слават Денот на укажувачите“

Сподели

 

Утре (13 мај), со почеток од 11:30 часот, во Јавна соба ќе се одржи конференцијата „Младите го слават Денот на укажувачите“ организирана од Регионалната антикорупциска иницијатива, во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ).

Организаторите најавуваат дека на конференцијата присутните ќе можат да ги увидат искуствата од земјата, но и на глобално ниво, за позицијата на укажувачите. Ќе можат повеќе да слушнат за каналите за откривање и механизми за заштита на укажувачите, каков удел има граѓанското општество за поддршка на укажување преку застапување јавни политики, јавно образование, правна помош и друга поддршка и значењето на јавната свест, особено на младите, за важноста на укажување во борбата против корупцијата и едукација на јавноста за укажувачите.

На конференцијата најавено е учество на: новинарот Томислав Кежаровски, експертот за антикорупција од РАИ секретаријатот Елмерина Ахметај Хреља, укажувачот и разузнавач Ѓорѓи Лазаревски, советникот за антикорупција од РАИ секретаријатот Анета Арнаудовска, директорот на меѓународниот конзорциум на истражувачко новинарство Џерард Рајл и експертот за укажување од РАИ секретаријатот Марк Ворт.

Целта на настанот е да се одбележи Денот на укажувачите.