Концерт на Филхармонијата со виолинистот и диригент Сергеј Крилов

Сподели

Филхармонијата го најавува концертот „Езотерија“, кој ќе се одржи в четврток (11 април) со почеток во 20:00 часот, а на кој како виолинист, но и како диригент, настапува прочуениот Сергеј Крилов.

Заедно со Крилов (1970), кој се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација и веќе одамна е етаблиран и како диригент, оркестарот на Филхармонијата ќе изведе дела од: Сергеј Прокофјев, Макс Брух и Лудвиг ван Бетовен.

Од Националната филхармонија информираат дека концертот „Езотерија“ ќе донесе комплексна програма и уникатен начин на работа, со маестрален уметник како што е Крилов, а каков што ретко слушаме на нашата музичка сцена.

„Сергеј Крилов (1970, Москва) се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација. Тој е веќе етаблиран и како диригент, а особено значајно во неговата кариера е неговата функција како директор на Литванскиот камерен оркестар со кој редовно ја презема двојната улога на солист и диригент“, најавуваат од Филхармонијата.