Концерт на Фолтин на “Cloud” фестивалот во Тирана

Сподели

 

“Cloud” фестивалот во Тирана, вообичаено се одржува секој мај во центарот на градот. Тој трае еден месец и настапуваат повеке од 600 артисти од повеке земји. Ланската година, овде настапи нашиот бенд, “Љубојна”, а годинава на покана од нашиот Културно информативен центар во Тирана, таа чест ја имаше групата “Фолтин” од Битола.

 

 

Нивниот настап започна хипнотично и мирно, спокојно. Како да се составија во едно, лилјаковото небо над Тирана, музиката на “Фолтин” и публиката.

Песните се редеа една по друга од сите нивни албуми. “Фолтин” звучеа префинето и светски. На крајот, публиката стана и започна да игра. Токму кога се очекуваше крај на концертот, тој како да започна уште еднаш. Следеа половина час, каде што публиката играше и покажуваше големи емоции кон нашите музичари и нивната музика.

 

 

Прекрасен концерт на Фолтин во Тирана, кој беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на “Берлинскиот процес” во Тирана.​