Концертна промоција на албумот “ЕХО” од Зарина Првасевда

Сподели

 

На 15ти Април во Македонската Филхармонија, ќе се случи долго очекуваниот и најавуван настан на Зарина Првасевда каде таа ќе одржи свој солистички концерт-промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како “ЕХО”, кој во деновите што следат ќе излезе под етикетата на Croatia Records, која важи за најголема и најпродуктивна издавачка куќа на Балканот од ваков тип.
 
Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани отпеан на 5 јазика македонски, албански, турски, српски и бугарски.
 
Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.
 
“Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче кое никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно. Со голема радост и срце полно љубов и музика, ве очекувам на 15 Април!“, вели Зарина.
 
Продажбата на билетите ќе започне од 04.04.2022 и истите ќе можете да ги набавите онлајн на овој линк: