Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Ковачевски: Без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда!

Сподели:

 

Без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда! – изјави премиерот Димитар Ковачевски  на настанот „Различни приказни, заедничка борба“, организиран во Владата по повод одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
 
 
 
 
“8 Март е можност да поразговараме за економската, политичката и социјалната рамноправност на жените, но тој е првиот од 365 дена гласност за која јас силно се залагам. Цврсто стојам на ставот дека отворените прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост – секој ден”, се обрати премиерот до сите присутни на настанот на кој учествуваа повеќе жени од различни сфери на општествениот живот.
 
 
 
 
Како Влада активно работиме да изградиме општество без стереотипи и дискриминација, општество кое е инклузивно и обезбедува еднакви можности за сите. Нашите заложби за економско зајакнување ги вклучуваат подеднакво и девојките и жените. Независни и економски силни жени, со свој силен глас и мислење, со можности за слободен избор и еднаквост, се иднината на нашата држава која нема да толерира дискриминација по ниедна основа.
 
Само така, заедно создаваме инклузивно, еманципирано и силно општество.
Да живее 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, подвлече премиерот Ковачевски.
Сподели: