Четири иницијативи за утврдување на уставноста се на дневен ред на петтата седница на Уставниот суд на Северна Македонија, што ќе се одржи денеска.
Како што соопштија од прес-службата на Уставен суд, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од еколошката групација „Грин Пауер” од Велес, Движење за социјална правда „Ленка” од Скопје и политичка партија „Левица” од Скопје.
Останатите две иницијатива кои се најавени дека денеска ќе бидат разгледани од уставните судии се од делот на Законот за данок на личен доход и за исплата на регрес на комунално претпријатие во Делчево.
