Специјална единица на полицијата го убила киднаперот кој држеше заложници во супермаркет и уби три лица во гратчето Треб. Нападот е веројатно терористички акт, грабнувачот се декларирал како џихадист, јавува Дојче веле.
Заложничката криза во малото гратче Треб кај Каркасон почна денеска претпладнето, а полицијата претпоставува дека станува збор за терористички чин. Киднаперот се декларирал како припадник на терористичката милиција Исламска држава. Медиумите тврдат дека тој е идентификуван, радио Франс инфо објави дека тој им бил познат на тајните служби и бил опфатен во Датотеката за борба против тероризмот и радикализација. Наводно, станува збор за Мароканец на возраст помеѓу 30 и 40 години.


