Крстевски поднесе кривични пријави против објекти кои нелегално работат во Кочани

Сподели

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната прес-конференција пред Обвинителството, праша: ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ МОЛИМЕ ЗА ПОБЕЗБЕДНА СРЕДИНА ЗА СИТЕ?!

“Три месеци после огромната трагедија која се случи во угостителски објект кој работел нерегуларно и бил толериран од повеќе институции, во Кочани сеуште има угостителски објекти кои работат нерегуларно и се толерирани од повеќе институции.

Жал ми е што на таквите угостители личниот профит им е побитен од безбедноста и здравјето на нивните посетители и жителите во тој дел од градот.

Поднесувам Кривична пријава против истите и нема да дозволам да ни се случи нова трагедија.

Ги повикувам сите институции да си ја завршат нивната задача, бидејќи превенција секогаш дава подобри резултати од било која казна!

Со срце и душа за Кочани!” – изјави Венко Крстевски.