Во рамки на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи мултимедијален музичко – поетски перформанс насловен „Културна кауза“ на Никола Стојковски (ФИН Проект).
Мултимедијалниот музичко – поетски перформанс „Културна кауза“ е проект на македонскиот музичар и продуцент Никола Стојковски (ФИН Проект) со неговите соработници, актерите Арна Шијак и Игор Трпчески, пијанистката Билјана Петровска и Орхидеја Дукова како вокал.
Публиката ќе има можност да ја слушне и види премиерната изведбата на нивниот проект наречен „Смирна“ , кој ја има духовноста како главен мотив. Ова дело на суптилен начин сублимира авторска музика на Стојковски и Петровска збогатена со вокална изведба на Орхидеја Дукова, со поетските рецитали на поеми од великани и современици на македонскиот пишан збор.
Билетите се во продажба на https://www.karti.com.mk/eTickets/TicketList.aspx… а ќе можат да се купат и на влез на Музејот пред почетокот на настанот, со готовинско плаќање.


