“LA PETITE MORT” – ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Сподели

jj-702x336

Изложба на дела за истражување на граничните состојби на духот на осумнаесет македонски уметници „Петит Морт“ ќе биде отворена утре во Музејот на Град Скопје.

Куратор на изложбата е Емил Алексиев, а делата ќе бидат поставени во изложбениот простор на Музејот до 30 септември.

Проектот „LA PETITE MORT“, според организаторите, значи мала смрт, оргазам, но може да реферира на сонот и длабочините на подсвеста, на колективно несвесното, на состојбата на транс, екстаза и халуцунација. Тоа подразбира истражување на трансцендентното, спиритуалното, ониричкото, сексуалното и карналното. Клучни зборови на темата се оргазам, екстаза, сон, дух, тело, транс, додека клучен поим е граница.

Во проектот учествуваат Милан Андов, Жарко Башески, Тања Балаќ, Дијана Богдановска, Атанас Ботев, Билјана Василева, Златко Глигоров, Роберт Дандаров, Инес Ефремова, Јана Јакимовска, Петра Јовановска, Татјана Манева, Шќипе Мехмети, Татјана Миљовска, Јасминка Новковска, Ирена Паскали, Борис Петровски и Микица Трујкановиќ.