Вести Изјави Македонија Став Ударни вести

Лагите на Христијан Мицкоски за браќата Манаки

Сподели:

 

По повод објавениот текст на Комисијата за култура на ВМРО – ДПМНЕ: “ГИ ПРОДАВАМЕ ЛИ И БРАЌАТА МАНАКИ”, Државен архив и Архивот во Битола остро реагираат на неточните податоци, измислици и лаги изречени од страна на оваа Комисија на ДПМНЕ.
 
Имено, во текстот е посочено дека поради негрижа на Државниот архив, Фондот “Браќа Манаки” последните 5 години станал загрозено културно наследство, што апсолутно не е точно. Фондот е загрозен од самото негово преземање во 1965 година, односно огромен број на негативи се преземени оштетени или, пак, се оштетувале во текот на годините кога и се обработувале истите.
 
Документите со децении се чувани во несоодветни услови, пакувани, превиткувани во обвивки кои не одговораат на стандардите за чување на ваков тип материјал. Со проектот, што неодамна е започнат и со кој раководи Државниот архив – Одделение Битола, предводен од Гоце Стојановски, а не Британската библиотека, ќе се направи целосна заштита на архивскиот материјал кој што го поседува државата како оставштина од првите сниматели на Балканот.
 
“Со овој проект на Британската библиотека, освен дигитализацијата, која што е примарна цел, ќе се овозможи и физичка заштита на архивскиот материјал, ќе биде изградена посебна просторија во Депото на битолскиот архив и со најсовремени архивски методи ќе продолжи да се чува” – вели Гоце Стојановски, раководител на Државниот архив – Одделение Битола.
 
Грижата за овој фонд ја покажавме и со тоа што на наша иницијатива, по изготвен елаборат, конечно годинава тој станува културно наследство. И ова е прв архивски фонд со ваков статус во земјава.
 
Архивскиот материјал во согласност со законските прописи е јавно достапен за секого и денес е еден од најистражуваните и најкористените фондови на Балканот. Дел од фондот, поточно негатив – фотографиите, не биле користени бидејќи биле несредени токму поради недостиг на соодветна опрема, која овај проект со Британската библиотека е донесена во Битола.
 
 Транснационалното богатство на браќата ги вклучува сите етникуми на Балканот, а официјалниот опис на фотографиите го давал лично самиот Милтон, со што апсолутно се отфрла некаква теорија за фалсификат.
На прашањето кому му треба ова визуелно парче од македонската историја, нашиот одговор е – на светот! Милтон творел под максимата: “Една за мене – една за историјата” и зар е потребно да се цензурира неговото творештво и тоа да остане затворено во нашето Депо.
 
Фондот ,,Браќа Манаки” не оди никаде под кирија. Останува засекогаш во Државниот архив и тоа сега како културно наследство.
 
Фондот “Браќа Манаки” ќе биде дигитализиран до крајот на август 2024 година со обезбеден грант од програма која ја администрира Британска библиотека и ќе биде трајно заштитен и достапен преку платформата на оваа институција за целиот свет.
 
 Државниот архив не отстапува никави права околу користењето на Фондот “Браќа Манаки” на ниту една друга институција, ниту на Британската библиотека, туку ги зацврстува своите права да го презентира делото на браќата Манаки пред светот во согласност со нашите закони и со желбата на Милтон.
 
“Да потсетиме дека изложбата “Милтон” – 140 години од раѓањето на Милтон Манаки” беше отворена во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера – Браќа Манаки во Битола во август лани, а во декември таа беше изложена и во Нови Сад, град европска престолнина на културата за 2022 година. Наскоро изложбата ќе биде презентирана и во Букурешт, Романија, во Советот на Европа во Стразбур, Франција, како и во други европски центри. Со тоа се промовира не само проактивната и уметничка фотографија на браќата Манаки, туку воопшто и македонската култура и уметност од почетокот на 20-от век” – изјавува директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
Сподели: