Лaјен: Многу работа за Украина до членство во ЕУ, но процесот е почнат

Сподели

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во интервју за телевизиската станица „Си-Ен-ЕН“ изјави дека на Украина ѝ претстои многу работа како би се придружила кон ЕУ, но тој процес е почнат.

„Многу е сторено, има уште работа за да се приближиме, но процесот е во тек“, рече таа. Според неа, процесот на присоединување на Украина кон ЕУ ќе потрае,

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна упати барање до државите-членки на ЕУ за итен прием на Украина во Унијата, потпишувајќи ја апликацијата за членство.

Лидерите на Бугарија, Чешка, Полска, Словачка, Словенија и на балтичките држави ја повикаа ЕУ да преземе чекори на Украина веднаш да и се додели кандидатски статус и почеток на преговори за членство во Унијата.