“Лајка” стерилизира/кастрира 114 кучиња во април

Сподели

 

Во месец Април, 2023 во ЈП Лајка го поминаа хуманиот третман 114 кучиња, 100 од нив беа заловени од нашите заловувачки тимови, а 14 беа донесени од граѓани, информираат оттаму.
 
Среќно се вдомија 25 кучиња, а 65 беа вратени на матичната локација. За жал, угинаа 2 кучиња кои беа во поодмината возраст и во лоша здраствена состојба, и покрај сите вложени напори од ветеринарниот тим.
 
Во Април, тимот заловуваше стратешки во Општина Гази Баба, Општина Кисела Вода, Општина Аеродром, Општина Центар, а интервентно делуваше во останатите скопски општини.