Skip to content
  • Муцунски-Бланар: Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон ЕУ
  • АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 263 милиони евра, инвестиции од 17,3 милиони евра и 60 нови вработувања јануари – септември 2026
  • Со измама го оштетил за 860.000 денари
  • Војниците со 45 години ќе работат како цивилни лица до пензионирање
  • Хоџа: Со поддршка од ЕУ се унапредува системот за квалитет на воздухот
Денес Магазин

Денес Магазин

Последни Вести

Bigyapaan Image
  • Почетна
  • Вести
  • Македонија
  • ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ да нема технички премиер

ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ да нема технички премиер

ноември 24, 2023ноември 24, 2023by Денес Магазин
Сподели:

 

ВМРО-ДПМНЕ, како најодговорна политичка партија кон граѓаните и државата е спремна да се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ДУИ со месеци е во епицентарот на сите криминални скандали кои ја тресат Македонија, партија во која не остана неискомпромитиран и не криминализиран кадар не може да го даде техничкиот премиер на државата.

Од Артан Груби и дуќаните на брат му, хотелите на Шапка, и коцкарските закони, до милионските кирии кои ќе ги плаќа Лотарија, до најкриминалниот политичар во Македонија.

Бујар Османи кој сака да остане во ракавици е фатен како дава милионски тендер на партиски донатор на ДУИ.

Семејството на Ахмети плива во бизниси и милионски зделки.

ДУИ е партија која е поим за незаконско работење. Најнов пример за тоа е и непријавениот имот на директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, кој фатен во незаконско постапување ги обвини вработените во инспекторатот затоа што тој не го пријавил имотот. Или поедноставено, кабелот е крив повторно.

И кога ќе сакаат да се вадат низ призмата Албанците се нападнати, нека си признаат дека Албанците 7 години по ред ги напаѓаат токму тие, зошто заради нив Албанците се иселуваат исто како и Македонците. Мајките, сопругите и децата, Албанки исто како и Македонки плачат за своите најмили кои заради нив морале да се иселат од Македонија.

Дополнително мора да се нотира и дека техничките влади се крајно неефикасни и нефункционални, во два наврати во минатото и во 2016-тата и во 2020-тата година видовме дека граѓаните имаат повеќе штета.

Миле Лефков, соопштение

Сподели:
Categories: Вести, Изјави, Македонија, Ударни вести

Навигација на напис

Се изготвува мобилна апликација за прв одговор при пријава за сторено семејно насилство
Меморандум за соработка помеѓу Министерство за економија и УСАИД

Поврзани Вести

Туристичката понуда на Маврово ќе се подобрува со половина милион евра

  Со половина милион евра, општина Маврово и Ростуше и националниот парк „Маврово“ ќе ги подобруваат туристичката понуда и достапноста…

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци

Во периодот од први до 31 декември, 2025 година, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници…

АВМУ:Владата ги надминува своите надлежности

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) порачува дека Владата  не ги почитува препораките на Брисел за независноста на…

Фотографија на денот

Categories: Македонија, Македонија, Фотографија, Фотографија на денот

Фотографија на денот: Скопје вчера – Матилда Икономова

by Денес Магазин октомври 16, 2026
Categories: Македонија, Македонија, Фотографија, Фотографија на денот

Фотографија на денот: Месечина на црвен облак – Ема Кушевска

by Денес Магазин април 3, 2026
Categories: Фотографија, Фотографија на денот

Фотографија на денот: Саат-кула Битола – Ивона Кочов

by Денес Магазин април 16, 2024
Categories: Фотографија, Фотографија на денот

Фотографија на денот: Патот кон ЕУ – Ивона Кочов

by Денес Магазин февруари 4, 2024
Categories: Македонија, Фотографија, Фотографија на денот

Фотографија на денот: БУДЕЊЕ – Ема КУШЕВСКА

by Денес Магазин април 19, 2023

Музика и Филм

1

Тамара Котевска го освои „Зелениот Оскар“ во Велика Британија

Денес Магазин
2

„Златна петорка“ вечерва во Кинотека

Денес Магазин
3

Концерт на Националниот џез оркестар: Четири децении музика и инспирација, посветен на Сашко Николовски

Денес Магазин
4

Valdera Live – Halloween concert во Public Room

Денес Магазин
5

Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

Денес Магазин

Интервју

Categories: Вести, Интервју, Македонија, Текстови

Интервју: Рашела Гинова-Карафилоски повторно на ТВ екраните

by Денес Магазин декември 12, 2025
Categories: Интервју, Македонија, Текстови, Ударни вести

Фунда Алицов-Млад Европски Амбасадор и Офтометрист од село Конче

by Денес Магазин септември 9, 2025

Copyright © 2026 Денес Магазин. Developed by Codecordia. | Bright News by Ascendoor | Powered by WordPress.