Лекции за театарски бонтон од наши актери на “Театaр за сите“ – ВИДЕО КАМПАЊА

Сподели

Македонски актери започнаа видео-кампања преку која споделуваат совети до публиката за бонтон додека е во театар.  Повеќе актери и актерки од различни театарски национални и независни театри споделија видео-пораки на „Јутјуб“ каналот на „Театaр за сите“.

„Оливер Митковски советува да се исклучуваат телефоните за време на претстава. Благој Веселинов да не се јавувате во ни еден случај, Симона Спировска вели да не се гледа по телефон бидејќи светлото од екраните пречи. Амернис Нокшиќи советува публиката да доаѓа на време и Никола Кимовски апелира да не се остава ѓубре во гледалиште…

„Театарски бонтон е онлајн образовна иницијатива на „Театар за сите“ за подигање на свеста кај публиката, со цел да се подобри однесувањето при одењето во театар на претстава. Почитувањето на универзалниот кодекс на однесување при гледање на претстава е корисно како за театарџиите, така и за публиката“, стои во описот на видеата.