Tрадиционална ликовна работилница „Булки“ ќе се одржи на 27 јуни 2026 година, со почеток од 9 часот во село Кривени, во чест на истакнатите уметници Орце и Данче Божиновски и Цане Кузаре.
Орце Божиновски со особена љубов ги сликаше булките – симбол на убавината, слободата и животот. Токму затоа булката е симбол на оваа манифестација што ги обединува уметноста, пријателството и спомените.
Добредојдени се сите љубители на уметноста, пријателите на Кривени и сите што сакаат да ја поддржат оваа прекрасна традиција, со дружење и почит кон луѓето кои оставија траен белег во културниот живот на Преспа..
Булките цветаат кратко, но уметноста останува.


