Вести Македонија Став

ДС: Наместо ригорозни мерки-кампања за едукација на граѓаните за почитување на мерките

Сподели:

 

Демократскиот сојуз предлага наместо ригорозни рестриктивни мерки, полициски час и забрани за движење – кампања за информирање и едукација на граѓаните за почитување на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, Ковид 19.
Без разлика што поголемиот број граѓани знаат како да се заштитат од вирусот, сепак има граѓани кои не се доволно информирани за опасноста од вирусот и како да се заштитат себеси и другите со кој комуницираат.
Затоа Демократскиот сојуз предлага да се подготви јасна препорака за самозаштита и заштита на другите од можна инфекција од вирусот Ковид 19.
Во информирањето и едукацијата  на граѓани да се вклучат:
1. Медиумите: ТВ и радио станиците, порталите, печатените медиуми и социјалните мрежи.
2. Преку телефонските оператори секојдневно да се испраќаат до сите граѓани едукативни пораки (преку маил, смс пораки и другите социјални мрежи).
3. Сите министерства и другите државни институции (посебно Центарот за управување со кризи, МВР, МО и др.), општините и месните заедници, како и штабовите за цивилна заштита да се вклучат во едукацијата на граѓаните.
Посебно е битна улогата на полицијата која со предупредување за почитување на мерќите ќе влијае превентивно.
4. Министерството за здравство, здравствените установи (од јавното и приватното здравство), посебно матичните лекари, педијатри, гинеколози, стоматолози и другите да ги едуцираат сите свои пациенти со доставување на препораки преку емаил или телефон.
5. Верските заедници преку своите службеници, секојдневно да ги информираат и едуцираат своите верници и пошироко.
6. Универзитетите, средните и основните училишта да ги едуцираат студентите и учениците преку праќање на маилови, смс пораки итн.
7. Политичките партии со јавни настапи, информирање и едукација пошироко, но и  нивните членови, можат многу да придонесат во спречување на ширенје на вирусот и борбата против лажните вести, теориите на заговор и сл.
8. Невладините организации можат да помогнат во информирањето и едукцијата на граѓаните преку планирани активности со вклучување на експерти и сл.
Само со јасна стратегија и препораки, информирање и едукација на граѓаните, како и доследна примена на препораките ќе се заштити здравјето на граѓаните, ќе се спреши ширењето на Корона вирусот и ќе се нормализира животот.
Со целосно и точно информирање на граѓаните за неопходните мерки и препораки, како и детално образложение зошто се преземаат, можна е ефикасна борба и победа над епидемијата.
ДС смета дека мора сите да се вклучиме во превенцијата за  побрзо да излеземе од здравствената, економската и социјалната криза – се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.
Сподели: