МКЦ, 10 јуни
„Лица“ е краток документарен филм за група на луѓе кои живеат во исто време, на исто место – Црник, село во источна Македонија.
Секој страда и се бори, за своите лични потреби и подобар живот. Филм во кој реалноста создава убава, но истовремено и горчлива наративна приказна.
Во речиси 19 минути, се запознаваме со пејзажот на селото создаден од неколку лица (луѓе) и нивните кратки исповести за животот таму.
Сниман во 3 дена.
Оригиналната музика за филмот е компонирана од Златко Ориѓански (член на македонската легендарна група „Анастасиа“).