Лицемерно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ лажно да обвинува за наводни притисоци врз вработените во администрацијата

Сподели

Лицемерно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со години брутално ја партизираше и ја понижуваше државната администрација, денеска да глуми загриженост и лажно да обвинува за наводни притисоци врз вработените во администрацијата.

Лажни се информациите дека биле вршени притисоци врз лица вработени во администрацијата за да не се исплати финансиски додаток на кариера за вработените во јавната администрација, што токму ВМРО-ДПМНЕ незаконски го укина.

Како што јавно објави Министерството за информатичко општество и администрација, станува збор за вонсудска постапка на спогодба за незаконски неисплатените средства од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се избегне дополнително одлевање на финансиски средства по основ на судски и адвокатски трошоци. На тој начин, вработените ќе го добијат финансискиот додаток што им бил оневозможен и се спречува дополнително оптоварување на Буџетот на Република Македонија. Со тоа се исправа неправдата што ВМРО-ДПМНЕ им ја нанесе на вработени во администрацијата, незаконски укинувајќи го правото на додаток на плата за степен на кариера.

Времето на притисоци, манипулација и партизација на државната администрација, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Процесот на ослободување и професионализација на институциите што го започна Владата предводена од СДСМ, обезбедува независна и професионална администрација ослободена од секакви партиски притисоци и влијанија.