Лондон: Бројот на загинатите во пожарот се искачи на 17

Сподели

Бројот на загинатите во пожарот што вчера избувна во 24-катната зграда во Лондон, се искачи на 17 лица, јавува Anaolu Agency (AA).

Како што соопштува полицијата, моменталниот број на загинатите е 17, а се очекува дека нивниот број ќе се зголеми.

Исто така, во полициското соопштение се наведува дека 17 повредени се во критична состојба.

Меѓу другото, британската премиерка Тереза Меј утрово го посети местото на настанот.