Лондон: Одржана 120 трка со стари автомобили

Сподели

thumbs_b_c_8373aa71bc521717b89ae4e63e1d688e

ЛОНДОН (AA) – Трка на стари автомобили, 120. по ред, оваа година почна во Паркот Хајд, во Лондон, а заврши во градот на брегот Бригтон, јавува Anadolu Agency (AA).

На годинашнава трга учествуваа околу 400 автомобили произведени до 1905 година. Првата лондонска трка од овој тип организирана е на 14 ноември 1896 година.

Трката се организира секоја година во првиот викенд во ноември и како потсетување на времето кога максималната брзина на автомобилот била само 20 километри на час.

Британија кон крајот на 19 век донесе закон за локомотиви на автопатиштата (Locomotives on Highway Act). Со него е зголемена максимално дозволената брзина на патиштата од дотогашните шест километри на час на 22,5 километри на час. Потоа, 1876 година укинат е прописот со кој пред секое возило мораше да се движи лице које ќе мавта со црвено знаме за да ги предупредува пешаците од потенцијална опасност од “брзо возило”.

Трката од лондонскиот Хајд Парк до Мадеира Дриве во Бригтон е долга 95 километри, а возилата-ветерани кои учествуваат во трката вредат неколку децетици повеќе од милион фунти.